Тензично на „Стемфорд Бриџ“: Мурињо тргна да се пресмета со член на стручниот штаб на Челси (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед бурно реагираше откако еден член на стручниот штаб на Челси вербално го провоцираше по голот на Рос Баркли.

Вториот асистент на Маурисио Сари, Марко Иани го провоцираше Мурињо и предизвика бесна реакција кај Португалецот и за малку се избегна голем инцидент.

На крајот, очигледно беше дека Сари му се извинува на Мурињо кој го прифати извинувањето на италијанскиот стратег.