Тотенхем го растури Свонси и се пласираше во полуфиналето од ФА Купот

Екипата на Тотенхем славеше на гостувањето на „Либерти“ стадионот кај Свонси во рамките од  четвртфиналето  од Фа Купот.

Ериксен во 11. минута постигна гол за 1:0, а во самата завршница на првиот дел Ламела заголеми на 2:0.

Во средината на вториот дел Ериксен со својот втор погодок го постави конечниот резултат на средбата.

Во останатите натпревари се среќаваат Манчестер Јунајтед- Брајтон, Лестер- Челси и Виган-Саутемптон.