Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се повторија незаборавните сцени од пролетта изминатата година.
Тогаш, по мечот помеѓу Рома и Џенова во последното коло во Серија А, плачеше римскиот стадион, но и целиот фудбалски свет. Бидејќи тој ден од играчката кариера во Рома по 28 години се прости Франческо Тоти.
Фудбалерот кој одигра 570 натпревари и постигна 307 погодоци за единствениот клуб во својот живот, во солзи се прости од теренот и формално замина таму каде оддамна и беше, меѓу легендите.
Уште една потврда за тоа пристигна синоќа од истото место. Рома го дочека Реал во рамки на Лигата на шампионите. Меѓутоа, дербито за првото место во групата беше споредна работа.
Пред мечот се оддржа церемонија на која обожуваниот Капетан стана нов, 28. член на Римската куќа на славните. Но, прв кој на тоа место го постави клубот. Навистина не е потребно да се објаснува зошто.
И повторно, како изминатата пролет, „немаше суво око“ на стадионот.
„Капетан засекогаш“, „Благодариме Тоти“, „Вечно верен“… беа дел од транспарентите со кои Олимпико го дочека својот најдраг и никогаш незаборавен син, митската десетка, која во иднина ќе биде на посебна маица која ја имаат само членовите на Римската Hall od Fame.
И повторно, како и лани, на терен излезе и покрај него беа сопругата и децата. И повторно сите беа на нозе, со насолзени очи, исушени грла и врели дланки.
Тоти со својата изјава покажа зошто тоа е така: „Денес неизмерно е важен ден за мене. Да се носи истиот дрес во текот на целата кариера е привилегија, а останувањето заедно со вас ми е нешто најважно во животот и затоа секој ден овде ми е како влегување во Куќата на славните. Вие навивачите, мене сте ми како браќа и сестри“.
Почесниот дрес го прими од рацете на Римскиот великан, Фалко и Бруно Конти, покрај кои беа исто така легендите, Прузо, Лоси, Нела, Џанини, Кандела, Томаси, Де Систи, Рока и Сантарини.
Најугледните гости на оваа инаугурација исто така беа покрај него. Го претставуваа тројца великани: Раул, Роберто Карлос и Емилио Бутрагуено, кои на Тоти му го подарија дресот на Реал, а дојде да го поздрави и Флорентино Парез, кому Тоти му остана најголема неостварена желба.
„Ми кажа дека сум единствениот играч кој му кажал НЕ“, откри Тоти во текот на последното гостување на „Бернабеу“.
“È un giorno significativo, troppo importante, sono romano, romanista, ho indossato un’unica maglia, sono stato Capitano"
? https://t.co/xeTLvZXKcf#Totti #HallOfFame #ASRoma pic.twitter.com/pP7WdceC8c
— AS Roma (@OfficialASRoma) November 28, 2018
? Un altro passo nella storia ?❤️#ASRoma#Totti pic.twitter.com/47azogX0wU
— AS Roma (@OfficialASRoma) November 27, 2018