Тричковски го „стресе“ и Леверкузен (Видео)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец, Иван Тричковски ја продолжува одличната форма постигнувајќи погодок и на натпреварот против гигантот од Германија, Баер Леверкузен.

Неговиот тим АЕК Ларнака е гостин во Леверкузен на „Бај Арена“ и во моментов има водство од 1:0, а стрелец на погодокот беше токму нашиот Тричковски.

Во првиот тим на АЕК Ларнака е и поранешниот македонски репрезентативец, Даниел Мојсов.

Инаку, ова е вкупно десетти гол за Иван Тричковски од почетокот на оваа сезона.