Тричковски погоди во поразот на Аек Ларнака од Анортозис


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Во првиот натпревар од четвртфиналето во кипарскиот куп, Анортозис на гости ја победи Аек Ларнака со 1:3.

После пет минути игра Рајо му донесе водство на гостите. Истиот фудбалер го постигна вториот погодок на натпреварот седум минути подоцна од белата точка.

Македонскиот фудбалер, Иван Тричковски на почетокот на второто полувреме го намали водството на гостите на 1:2. Конечните 1:3 ги постави Оливеира во 59-та минута.