Тројца фудбалер си заминуваат од Атлетико

Тројца фудбалери би можеле да си заминат од Атлетико Мадрид ова лето за да направат место за нови играчи во тимот на „јорганџиите“.

Симе Вршаљко, Стефан Савиќ и Кевин Гамеиро се играчите за кои веќе има понуди да си заминат од „Ванда Метрополитано“ пред стартот на новата сезона.

Вршаљко е на радарот на Наполи, Јувентус и Рома, додека Гамеиро е посакуван од тимот на Валенсија. Се шпекулира дека и за Стефан Савиќ има интерес од неколку италијански клубови.