Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Арда Туран на крајот на оваа сезона би можел да го напушти тимот на Барселона и да се пресели во Англија.
Туран во последно време има проблеми со повреда поради што не играше во изминатиот месец. Иако во Барселона стигна како големо засилување од Атлетико, сепак на крајот не ги оправда очекувањата.
За неговото змаинување се шпекулираше и во јануари кога интерес за него покажаа тимови од Кина, но Туран одлучи да остане во Барселона. Меѓутоа, медиумите пренесуваат дека тој на крајот на сезоната ќе замине.
Наводно, Арсенал подготвува понуда од 20 милиони фунти за него. Туран би требало да го замени Озил чиј договор завршува наредната сезона.