Уништувањето на еден од најталентираните фудбалери во светот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На 32 години остана без клуб, иако го носеше прекарот еден од најголемите таленти во светот.

Маруан Шамак на 32 години остана без клуб откако го раскина договорот со Кардиф. Мароканецот минатиот октомври стигна во велшкиот клуб, но не се прилагоди. Настапи на 2 натпревари, а на теренот помина вкупно 46 минути.

За неговите одлични игри слушнавме додека играше во Бордо од каде што замина во Арсенал.

Во три сезони во Лондон не покажа ништо и во тие моменти неговата кариера тргна по надолна линија. Прво беше позајмен во Вест Хем, каде што не играше, а потоа премина во Кристал Палас, а постигна 7 голови во 60 натпревари.

Овој 32-годишен напаѓач кариерата ја започна во Бордо, каде што одлично играше и обезбеди трансфер во Арсенал.

За Мароко постигна 18 голови во 65 натпревари.