Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ би можел да доживее големо разочарувањ, кога се во прашање европските амбиции на клубот од „Паркот на принцовите“.
Работите во Франција одат во посакуваната насока, очигледно е дека и оваа сезона лесно ќе се прошетаат до титулата, но во Лигата на шампионите тоа ќе биде малку потешко.
Особено по лошите вести кои станаа уште поужасни за „Светците“.
Л’Екип тврди дека Нејмар ќе отсуствува до крајот на март што практично ќе значи дека не само што ќе го пропушти двомечот со Јунајтед, туку и евентуалната средба во четвртфиналето од Лигата на шампионите доколку Парижаните ги елиминираат „Црвените ѓаволи“.
Можат ли без својата најголема ѕвезда Французите да ја елиминираат екипата на Солскјер која е во стравичен налет?