Факс машината е спремна, Реал тргнува во нова офанзива на пуленот на Мурињо!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пробаа Мадриѓаните да го доведат уште во 2015 година, беа на прагот да завршат трансфер, но технологијата спречи да се реализира.

Главна тема во летото 2015 година, барем кога фудбалот е во прашање, беше потенцијалниот трансфер на Давид Де Геа во редовите на Реал Мадрид.

Поранешниот голман на Атлетико, инаку по потекло од шпанската претстолнина, беше на прагот за враќање во својот роден град, но документите за финализирање на трансферот стигнаа во Мадрид две минути после затворањето на летниот пазар.

Во Манчестер ја обвинуваа факс машината, јасно е дека тоа беше приказна за медиумите, мора да се признае прилично лоша.

Не сакаа да се откажат од својот прв голман, во моментов е еден од најдобрите играчи во клубот, па се послужија на не баш чесен метод и Шпанецот го задржаа на Олд Трафорд.

Подоцна Де Геа парафираше и нов договор со клубот, кој трае до 2019 година, а се очекува Јунајтед да ја искористи опцијата која има и да ја продолжи соработката со својот прв чувар на мрежата на уште година дена.

Сепак, во Мадрид се спремни да пробаат повторно, го сакаат голманот кој ќе им го реши прашањето меѓу стативите за наредните 10 години, решението го гледаат токму во Де Геа.

Се претпоставува дека овој пат нема да се потпрат на управата на Манчестер, т.е нема да влезат во преговори, веќе едноставно ќе ја исплатат откупната клаузула во договорот на играчот и така да ги врзат рацете на управата на клубот од Олд Трафорд.

Наводно таа изнесува 65 милиони евра, доколку Реал толку понуди тешко дека поранешниот голман на Јорганџиите ќе го одработи својот договор со Манчестер.

Познато е дека ја изрази желбата за враќање во татковината, ќе видиме дали Реал е навистина решен да го пресели на Бернабе.