Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првата ѕвезда на клубот од Олд Трафорд после домашното реми против Ватфорд го критикуваше дефанзивниот стил на игра на својот тим, а Мурињо на тоа му одговори со одземање на капитенската трака.
Работите дека нема да одат најдобро со Пога предвиди и Сер Алекс Фергусон и тоа пред шест години кога беше јасно дека французинот ќе го напушти клубот и ќе премине во Јувентус.
Тогаш Фергусон изјави дека Погба и неговиот агент Раиола не покажале почитување спрема Јунајтед.
„Погба потпиша за Јувентус. Тоа е помалку разочарувачки бидејќи мислам дека не покажа респект кон нас. Да бидам искрен, ако тој и неговиот агент се научиле така да се однесуваат, среќен сум што се подалеку од нас“ , тогаш изјави Фергусон, а подоцна во автобиографијата го прокоментира и Раиола.
„Постојат еден или двајца фудбалски агенти кои едноставно не ги сакам. А, Мино Раиола, агентот на Погба е еден од нив“, напиша Ферги.
Сепак, очигледно неговите зборови не значеа многу за челниците на Јунајтед, па четири години подоцна одлучија да го соборат светскиот рекорд во висина на обесштетувањето за да го вратат Погба во своите редови.