Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Миланскиот тим не смееше да ризикува па од списокот изостави четворица играчи.
Фудбалскиот клуб Интер го пријави списокот на играчи за претстојната сезона во Лига Европа на кој список нема неколку големи имиња.
Имено, поради заканата од финансискиот фер плеј, Интер мораше од списокот да ги изостави двете најголеми засилувања Жоао Марио и Габриел Барбоса, како и Жофри Кондогбија и Стеван Јоветиќ.
Иако Интер во оваа година го превзеде кинеската компаноја Сунинг груп, италијанскиот клуб ќе мора постепено да создава тим, односно да внимава да не го прекрши финансискиот фер плеј и да се доведе во голем проблем.
Поради тоа тројца играчи се изоставени, додека со Стеван Јоветиќ е подруга ситуацијата, поради тоа што Интер ќе биде во обврска да го откупи неговиот договор за 14.5 милиони евра доколку Црногорецот одигра една минута во Европа.
На списоскот се наоѓаат тројцата новајлии Антонио Кандрева, Евер Банега и Кристијан Ансалди.
Интер се наоѓа во групата К заедно со Сауптемптон, Спарта од Прага и Хапол Бер Шева.