Француски гигант направил голема грешка: Модриќ бил на проба, но набрзо бил избркан од клубот

Откако Лука Модриќ ја освои Златната топка, не стивнуваат приказните околу неговото минато.

Веќе излегоа информации дека неколку клубови го одбиле Хрватот додека ги започнувал првите професионални фудбалски чекори, а сега Ел Хаџи Диуф истакна дека и од Марсеј му дале „корпа“ откако краток период бил во клубот на проба.

„Лука беше многу млад кога стигна во Марсеј, но не успеа. Неверојатно, но многу брзо го пратија дома и на таа приказна му дојде крај“- коментираше поранешниот играч на Ливерпул за „РМЦ“.