Фудбалер на Рома оди по стапките на Миралем Пјаниќ


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Утре се игра големото дерби на Олимпико помеѓу Рома и Јувентус.

Неколку дена пред натпреварот во медиумите се појави информација дека уште еден фудбалер на Рома би можел кариерата да ја продолжи во Јувентус. По стапките на Пјаниќ би можел да оди и Леандро Паредеш.

Јуве сака да ја засили конкуренцијата во средниот ред, а тоа посебно се однесува на позициите каде играат Кедира и Маркисио. Иако се шпекулираше дека Паредеш ќе замине во Англија, изгледа дека повикот на Јуве би можел се да промени. Овој фудбалер наскоро ќе го прослави 23-от роденден, а оваа сезона за Рома одигра 39 натпревари и постигна 3 погодоци.