До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Сергеј Милинковиќ-Савиќ игра фантастична сезона во дресот на Лацио и моментално е еден од најбараните играчи за врска во светот.
Во минатите недели се споменуваше дека за неговите услуги се заинтересирани голем број клубови, а по се изгледа дека на врвот се тимовите на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид.
Наводно тој е фудбалер, каков што би им одговарал на двата клубови, а се смета дека двата гиганти се подготвени да понудат над 110 милиони евра за неговиот потпис.









