Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Единствениот трошок – платата.
Чизмата за него трубеше уште кога беше кај Антонио Конте во Арецо кога ги правеше првите чекори на сениорската сцена. Толку го сакаше сегашниот тренер на Челси што Андреа Ранокија секогаш играше дури беше селектор на репрезентацијата на Италија. Тренерите секогаш го сакаа. Секогаш зборуваа дека совршено го разбира фудбалот. Навивачите почнаа да го мразат. Џабе го разбира кога не знае.
Конечно и Интер го сфати: Ранокија едноставно нема глава за фудбал на топ ниво. Но, во Хал изгледа ги пратија само неговите видеа од Бари каде играше фантастично во тандем со Леонардо Бонучи. Да не беше тешката повреда на коленото најверојатно сега ќе играше со Џорџо Киелини и Андреа Барзаљи во Јувентус. Вака му беше преголема конкуренцијата, Џејсон Муриљо и Жоао Миранда во Интер.
Меѓутоа скаутите на Хал како да не ги гледаа неговите последни натпревари на 28-годишниот централен дефанзивец. Како да не ги читаа вестите на италијанските медиуми кои неколку сезони се прашуваат каде е најдобриот дефанзивец кој Италија не го имаше како што Ранокија го нарече еден новинар. Клубот кој се бори за опстанок во ПЛ најде решение за својата одбрана во дефанзивецот кој во последните неколку сезони е синоним за кикс.
Дека беше талентиран беше. Имаше натпревари посебно кај азурите на кои се чинеше дека тој талент ќе го преточи во квалитет. Стана многу полошо кога клубот го избра за капитен по заминувањето на Хавиер Занети во пензија. И уште полошо кога Роберто Манчини му ја симна траката и му ја даде на Мауро Икарди.
Овој јануари се споменуваа Тотенхем, Зенит, Хал, Свонси и Болоња. Ранокија се пресели во Хал на позајмица до крајот на сезоната, а единствената обврска на Хал е да му ја исплаќа платата. Интер ќе заштеди околу 2 милиони евра.