Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
За колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез кој во моментов е на позајмица во Баерн Минхен постои сериозен интерес од неколку премиерлигашки клубови.
Челси, Манчестер Јунајтед и Ливерпул стојат во редот за потписот на одличниот офанзивен фудбалер кој има уште една сезона од неговата двегодишна позајмица во Минхен.
Сепак, Колумбиецот истакна дека е среќен на „Алианц Арената“ и посочи дека не планира да замине на друго место ова лето.
„Многу ми е добро во Баерн. Се чувствувам прекрасно во Минхен. Кога бев во Монако играв многу, а сега исто играм често во Баерн. Мислам дека е многу добро да заминеш на Светското првенство во најдобар можен натпреварувачки ритам“ – изјави Хамес во интервју за шпанскиот медиум Марка.
Хамес во дресот на Баерн оваа сезона има запишано 27 настапи на кои постигнал четири погодоци и девет пати асистирал.