Хамилтон доминираше во Јапонија, Фетел повторно разочара


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, победи утрово на трката за Големата награда на Јапонија и така ја продолжи својата доминација на патеките во Формула 1.

Хамилтон без никакви проблеми стигна до деветтата победа во оваа сезона и се наоѓа на чекор од одбрана на титулата.

Мерцедес имаше уште еден фантастичен викенд, зашто на второ место заврши Валтери Ботас.

Третото место го освои возачот на Ред Бул, а Макс Ферстапен, кој практично ја уништи трката за возачите на Ферари.

Ферстапен прво беше во дуел со Раиконен, а потоа од патеката го исфрли Себастијан Фетел, кој одлично почна.

Германецот потоа имаше големи проблеми, а на крајот стигна до шестата позиција.