Хамшик: Сакаме да го освоиме Скудетото, но Јувентус ни стои на патот

Капитенот на Наполи, Марек Хамшик вели дека за него освојувањето на Скудетото би било остварување на сонот.

„Сакам да ја освојам лигата и имам некои лични цели. Фокусиран сум на Наполи, го сакаме Скудетото, но на патот ни стои Јувентус“

„Разликата во бодови? Тоа не е пријатно, но нема потреба од паник. Изгубивме неколку бодови, но и Јувентус може да изгуби“

„Има уште многу да се игра до крајот на сезоната, а постојат натпревари каде што Јувентус би изгубил бодови, како што се натпреварите против Рома и Милан во гости, како и Интер на домашен терен“