Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Црвена Звезда сезонава првпат по 26 години ќе игра во групната фаза од Лигата на шампиони, а тоа е најголем успех за белградскиот тим.
Звезда е сместена во групата на смртта со ПСЖ, Наполи и Ливерпул и сите влезници за нејзините домашни натпревари се продадени.
Пакет влезниците за трите дуели се продадени за помалку од три часа во редовна продажба, која почна во десет часот наутро.
Претходните денови во претпродажба биле картите за членовите на блеградскиот тим.
Првиот натпревар Ц. Звезда го игра на свој терен следниот вторник (18. септември) кога гостува Наполи, а потоа со Ливерпул на шести ноември и на крајот против ПСЖ на 11. декември.