Челси ги одби сите понуди: Конте не го дава својот напаѓач!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Белгиецот не е во прв план, но му е потребен на Конте.

Мичу Батшуаји пред почетокот на сезоната стигна во Челси, но не доби многу шанса.

Потрошени беа многу пари за него, а сега се размислува дали тоа беше добар потег на Челси.

Сепак, постои интерес за 23-годишниот фудбалер.

За него, интерес покажаа Кристал Палас и Вест Хем кои неодамна бараат напаѓач и подготвени се да го донесат на позајмица, но Челси не сака да се откаже од него.

Батшуаји оваа сезона одигра 11 натпревари, а на сите влезе од клупата за резерви.