Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Завршија два натпревари од англиската Премиер Лига.
Челси на гостувањето на Гудисон Парк го победи Евертон, 0:3.
Лејвин на почетокот на натпреварот ја погоди стативата. Еден Азар на другата страна шутираше непрецизно. Лукаку имаше шанса за погодок, но шутираше покрај голот.
Во второто полувреме Мозес шутираше непрецизно, а 66-та минута ни донесе погодок на овој натпревар. Педро донесе водство на Челси.
Победата на сините ја осигура Гери Кејхил десет минути пред крајот на натпреварот.
Конечните 0:3 ги постави Вилијан само две минути по влегувањето во игра.
Мидлзбро на Риверсајд ремизираше против Манчестер Сити, 2:2.
Алваро Негредо испрати непрецизен удар кон голот на Кабаљеро. Де Рон пропушти голема шанса за погодок. Во 38-ма минута Алваро Негредо погоди за водство на домашните.
Дваесетина минути пред крајот на натпреварот судијата досуди пенал за гостите, а Серхио Агуеро го израмни резултатот, 1:1.
Чемберс во 77-ма минута го врати водството на Мидлзбро. Пет минути пред крајот на натпреварот Габриел Жесус ги постави конечните 2:2.