„Чест ќе ми биде да го носам бројот десет на грбот“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Бразилскиот напаѓач Габриел Барбоса во минатиот викенд конечно успеа да го постигне дебитанскиот гол во дресот на Интер.

Популарниот Габигол во Интер стигна во минатото лето од Сантос за речиси 30 милиони евра.

Сепак, во првиот дел од сезоната играше само 13 минути во Серија А а многумина беа сигурни дека во јануарскиот преоден рок ќе го напушти италијанскиот клуб.

Сепак, Бразилецот се одлучи да остане и тоа почна да му се исплатува.

Иако сеуште не е стандарден во последно време,  добива доста повеќе шанса за игра. Интер во последното коло гостуваше кај Болоња, а победоносниот гол го постигна точно Габигол.

„Пресреќен сум поради својот прв гол. Работев доста вредно за се тоа и се надевам дека е тоа само почеток. Сакам да играм што повеќе со цел да се изборам за место во репрезентацијата на Бразил. Мојот дебитански гол беше на стадионот на кој и Роналдо го постигна првиот гол за Интер. За мене ќе биде најголема чест да ја носам на грбот „десетката“ на Интер“, рече Габигол.

Оваа желба на бразилскиот напаѓач може да биде исполнета на крајот на сезоната бидејќи е испразнето местото за бројот десет после заминувањето на Стеван Јоветиќ во Севиља. Габигол додаде дека ја сака „десетката“ поради Роналдо кој го носеше овој број на грбот додека настапуваше за Интер.