Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Ливерпул, Џердан Шакири не отпатува во Белград на мечот во Лигата на шампионите, а тоа беше одлука на тренерот Јирген Клоп.
Клоп пред мечот кажа дека не сакал да го земе Шакири, а причината конкретно не ја изнесе, иако сите знаат дека се работи за тоа дека сакаше да го заштити играчот од непријателскиот дочек.
Шакири стана голем непријател на Србија откако на СП голот против оваа селекција го прослави покажувајќи го знакот на двоглав орел. Но, тој вели дека неговата мајка била изложена на пцости во текот на мечот на „Енфилд“ кога гостуваше Црвена Звезда.
„Слушнав дека ми ја пцујат мајката додека стоев покрај теренот. Мојот татко беше на стадионот, и тој слушна“, истакна Шакири.
„Ја разбирам од една страна одлуката да не одам во Белград, иако сакав да отидам и да му помогнам на тимот“, истакна швајцарскиот репрезентативец.