Шкендија го совлада „разнишаниот“ Вардар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимот на Шкендија се доближи на само еден бод од шампионската титула во домашниот шампионат откако со 3:2 славеше на денешното гостување кај најголемиот ривал, Вардар.

Натпреварот го отвори Бесарт Ибраими со одличен погодок од 20тина метри уште во 6. минута. На 1:1 израмни младиот Колевски во финишот на првото полувреме по одличната асистенција на Дејан Блажевски.

Вардар потоа направи пресврт во воведните минути од вториот дел преку Дејан Блажевски кој погоди од белата точка.

Резултатот го изедначи Ибраими со маестрален погодок, а конечниот резултат го постави поранешниот вардарец, Висар Муслиу.

Резултати:

Академија Пандев- Шкупи 1:2

Скопје- Силекс 1:1

Пелистер- Победа 1:1

Ренова- Работнички 2:1