Шок за јавноста – Јувентус го сака тренерот на Милан?


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Италијанската јавноста сеуште шпекулира за тоа дека Алегри на крајот на сезоната ќе замине од Јувентус.

Пред неколку месеци се појавија вести дека Алегри ова лето ќе замине од тимот, а ќе ја продолжи својата кариера во Арсенал.

Од Јувентус го демантираа тоа, но според медиумите тие почнале веќе да бараат негова замена.

Претходно се шпекулираше дека за тоа место ќе се борат Спалети, Џампаоло и Гасперини, но во оваа борба се вклучи и Монтела.

Монтела сеуште не знае дали ќе остане тренер на Милан и во наредната сезона, но по се изгледа дека не треба да се грижи за својата иднина.

Овој тренер во кариерата досега ги водеше Катанија, Фиорентина, Сампдорија и сега го води Милан.