Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Возачот на Мекларен најави крај на кариерата.
Алонсо освои 16 трофеи и сега за медиумите откри дека е време да се повлече.
„Можеби сум на крјаот на мојата кариера во Ф1. Имам 35 години, освоив 16 трофеи и можеби мојата кариера е крај. Не сум подготвен да чекам.“
Во Мекларен се надеваме дека Алонсо ќе остане со нив, но Шпанецот е подготвен да замине од Ф1.
„Од година во година се обидувам да не ми биде последна. Не губам надеж за титулите, подиумите и победите. Треба да знам какви ни се можностите.“
„Мојот договор завршува оваа година и чувствувам слобода да одлучам дали ќе заминам или ќе останам. Моментално сум отворен за сите опции. Најважно е да уживам во мојата кариера.“