Шпанците тврдат: Меси го доведува својот наследник на „Камп Ноу“

„Mundo Deportivo“ тврди дека Барселона повторно ќе се заинтересира за одличниот напаѓач на Јувентус, Паоло Диабала.

Момчето кое го нарекуваат наследник на Меси долго време е мета на Каталонците, но и на Реал.

Лео Меси, според споменатиот извор, ќе биде клучниот човек на Барса за овој трансфер.

До трансферот би можело да дојде во летниот трансфер период, а дали тоа ќе значи и заминување на некој од триото МСН ни останува да видиме.

Но, сепак прво Лео ќе мора да го убеди Паоло да се пресели на „Камп Ноу“.