Ѓоковиќ се избори за четвртфинале на Австралија Опен преку триумфот над Медведев!

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналната фаза на Австралија Опен.

Првиот рекет на светот денес во Мелбурн по речиси три и пол часа славеше против Данил Медведев со 3:1 во сетови. Медведев понуди отпор за Ѓоковиќ и му создаде доста проблеми, но на крајот не успеа да направи изненадување.

Ѓоковиќ многу добро влезе во овој меч и без проблеми го доби првиот сет со 6:4 и изгледаше дека ќе дојде до лесна победа. Сепак, рускиот тенисер потоа заигра доста подобро и по тај брејк израмни на 1:1 во сетови. Медведев тај брејкот го доби со 7:5.

Но, потоа Ѓоковиќ влезе во брзина и одлучи мечот да го приведе пред крај. Српскиот тенисер поведе со 2:1,и така третиот сет го доби со 6:2, додека во четвртиот славеше со 6:3 и така се пласираше во следната фаза.

Ноле во четвртфиналето ќе игра против Нишикори кој денес во неверојатен пресврт успеа да слави против Баста со 3:2 во сетови.