Ѓорческа ги поместува границите – Историски пласман на ВТА листата!

Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа стигна до најдобриот пласман во сингл конкуренција. На најновата ранг листа на ВТА која беше објавена денес, таа се наоѓа на 187-то место.

Тоа е напредок од 5 позиции во однос на претходниот најдобар пласман и сега има 277 поени на 187-то место.

Ѓорческа поради повреда пропушти неколку турнири, но успеа да го освои првиот трофеј во конкуренција на двојки во Италија.

Во конкуренција на двојки, таа се најде на 137-то место со 534 поени.