Јанис официјално во Мајами: Еден од најголемите трејдови во историјата!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Двократниот МВП на НБА лигата Јанис Адетокумбо е новиот кошаркар на Мајами Хит, откако клубот од Флорида постигна договор со Милвоки Бакси за спектакуларен трансфер.

Според договорот, во Мајами заедно со Адетокумбо доаѓа и Боби Портис, додека во спротивна насока заминуваат Тајлер Хиро, Кел’ел Вер, Хајме Хакез Џуниор и Каспарас Јакучионес.

Адетокумбо целата досегашна НБА кариера ја помина во дресот на Милвоки, кој го избра како 15. пик на драфтот во 2013 година.

Во текот на 12 сезони стана еден од најдобрите играчи во светот, освои две МВП награди и ги предводеше Бакси до титулата на НБА шампионите во 2021 година.

Види ја оваа објава на Инстаграм

Објава споделена од Miami HEAT (@miamiheat)