Јувентус нема проблеми, си најдоа нов Погба!

Како што тврди Земан, овој фудбалер се заканува да биде три пати подобар од играчот на Јунајтед.

Сите се сеќаваме што направи Јувентус со Погба. Го донесоа бесплатно, а го продадоа за рекордни 105 милиони евра.

Управата на Јувентус изгледа има око за млади фудбалери, а сега на нивниот радар се наоѓа уште еден фудбалер со слични карактеристики како Погба, а во сениорскиот фудбал неодамна го турна Земан.

Станува збор за Мамаду Кулибали.

Јувентус гостува кај Пескара овој викенд, а ќе ја искористи шансата да разговара со управата на тимот за овој фудбалер.

Идејата е тој да потпише за Јувентус, но да остане уште една година во Пескара за да продолжи да се развива.