Јунајтед нема намера да сопре: „Ѓаволите“ уште еднаш тропнаа на вратата на Интер…?!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Познато е дека Манчестер Јунајтед следното лети ќе се обиде да донесе три квалитетни засилувања, еден стопер, еден играч за врска и еден офанзивец.

Кога позицијата централен дефанзивец е во прашање, впечатокот е дека првата желба на „Ѓаволите“ беше Калуди Кулибали од Наполи.

Сепак, јасно е дека Сенегалецот е скап, па изгледа во Манчестер се насочинја во друга насока.

Имено, повторно ќе се обидат да се договорат со Интер околи Шкринијар.

Словакот е стандарден во дресот на „Нероаѕурите“ и оваа сезона, Мурињо се обидуваше да го пресели на „Олд Трафорд“, но екипата од Милано не попушти.

Сега како што се наведува, „Ѓаволите“ испратиле и официјална понуда, која е тепка 85 милиони евра.

Интер не сака да се откаже од Словакот, но медиумите од Островот тврдат дека би можеле да се предомислат, доколку некоја од заинтересираните страни биде подготвена да понуди рекордна сума за некогашниот стопер на Сампдорија.

Неговиот агент тврди дека Јунајтед не е единствениот клуб кој е заинтересиран за него.

„Реал Мадрид сака да го потпише како и Барселона. Кој и да е може да го убеди Интер да пушти ова лето“, изјави агентот на стоперот на „Нероаѕурите“.

Реал ќе се обиде да го донесе доколку остане без Рафаел Варан, но ако Французинот остане, нема да има потреба за нов стопер, со оглед на тоа дека веќе го ангажираа Милитао од Порто.