Јунајтед повторно „нула“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Повторно не победија, не помогна ниту Алексис Санчез.

Слично како и во Аризона, во Калифорнија Манчестер Јунатед одигра без многу жар, пред полупразен стадион, меч кој заврши нерешено.

Натпреварот против Сан Хозе заврши без голови, а Мурињо го исполни ветувањето, само 48 часа откако Санчез пристигна во САД, излезе на теренот.

Тоа многу не промени, натпреварот беше со спор ритам, двата тима имаа по неколку прилики, домаќинот во второто полувреме баш како и Јунајтед пушти на терен повеќе резерви.

Се повреди Антонио Валенсија, го замени Дармијан, но на крајот натпреварот заврши нерешено.

Следниот меч би требало да биде поатрактивен, за три дена „Црвените Ѓаволи“ ќе играат против Милан, а следат натпревари со Ливерпул и Реал, а генералната проба пред старт на шампионатот ќе биде против Баерн