Ќе „гори“ Фиренца: Дури 10.000 навивачи на Наполи доаѓаат на натпреварот!

Кај навивачите на Наполи деновиве владее голема еуфорија, зашто клубот до крајот на сезоната конечно може да стигне до Скудетото.

Нивниот клуб го порази Јувентус на гостувањето со 1-0, па шансите се големи за освојување на титулата во Серија А.

Сите во Неапол се надеваат дека „старата дама“ повторно ќе киксне на средбата против Интер, а мечот меѓу Фиорентина и Наполи во Фиренца ќе го следат дури 10.000 навивачи на Наполи.