Џемаили кариерата ја продолжува во Америка!

Блерим Џемаили потпиша за Монтреал Имапкт, екипата од Американсакта МЛС лига.

Тој овде доаѓа како позајмен играч од Болоња каде што оваа сезона на 33 натпревари постигна 9 погодоци.

Тој ги помина медицинските прегледи денеска и на тимот ќе му се придружи пред натпреварот овој викенд против Колумбус.

Во текот на кариерата Џемаили играше за Цирих, Болтон, Торино, Парма, Наполи, Галатасарај, Џенова и Болоња.