Муарем Муарем погоди и асистираше во победата на Карабах – Азербејџанскиот клуб во групната фаза во ЛЕ (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес Карабах го одигра реванш натпреварот против шведскиот Гетеборг и го совлада со 3:0.

Во првиот натпревар азербејџанскиот клуб беше поразен минимално со 1:0, но со оваа голема победа се пласира во групната фаза во ЛЕ.

Садиков во 19-та минута погоди за водство на Карабах. Кинтана му асистираше во 26-та минута на македонскиот фудбалер, Муарем Муарем кој погоди за зголемување на водството, 2:0. На полувреме се замина со резултат 2:0. Муарем во второто полувреме се најде во улога на асистент на Кинтана кој ги постави конечните 3:0. Македонскиот фудбалер, Муарем Муарем одигра 83-ти минути во победата на Карабах, а на негово место влезе јужноафриканецот Ндолову.

Карабах е првиот клуб денес кој се пласира во групната фаза во ЛЕ.

Во продолжение погледнете го погодок на Муарем Муарем.