Гигс ни открива против кого му било најтешко да игра


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Легендарниот играч на Јунајтед, Гигс за медиумите раскажа интересни моменти од својата кариера.

    Помеѓу останатото, Гигс откри кој е најтешок противник против кој играл на теренот.

    „Најтежок противник против кого имам играно? Тоа е дефинитивно Занети. Тој имаше се. Без сомнеж беше најтешко да се игра против него. Секој пат кога ќе игравме во ЛШ тој ми го правеше натпреварот ноќен кошмар. Беше брз, силен и интелигентен. Секогаш мислев дека можам да го поминам секој играч, но против него тоа беше скоро невозможно.“

    Двајцата на терените беа скоро до 40-та година. Занети сега е потпретседател на Интер додека Гигс ова лето го напушти Јунајтед.