Пресврт на Барселона и петнаесета победа во низа во Асобал – Два погодоци на Лазаров


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ракометарите на Барселона славеа на гости против Хуеска со 26:30 во петнаесетото коло од Асобал.

Барселона имаше водство во првото полувреме. Домашните ракометари се разиграа и успеаа да направат пресврт до полувреме, 15:13. Каталонците во второто полувреме набрзина го вратија водството и на крајот запишаа победа, 26:30.

Петнаесета победа на Барселона во исто толку одиграни натпревари во Асобал.

Ваел Жалуз со 9 девет погодоци ја предводеше Барселона до победа. Андерсон Ласе постигна 6 погодоци, а македонскиот ракометар, Кирил Лазаров натпреварот го заврши со 2 погодоци од 6 обиди. Борко Ристовски не настапи на овој натпревар. Енрике Селичани Тешеира со 6 погодоци беше најефикасен во тимот на Хуеска.