Мемфис подобар од Голден Стејт: Харден крал на Тексас


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Мемфис потврдија дека се во одлична форма и против Голден Стејт стигнаа до 6-та победа по ред со 110:89.

Во 17-та победа на Мемфис во 25 натпревари, прва по 7 порази од Голден Стејт, дури 7 играчи имаа 2-цифрен број на поен. Тони Ален со 19 поени беше најефикасен.

Кај гостите Кевин Дурант беше најдобар со 21 поен и 7 сокови. Кари постигна 17 и 8 скокови, а Клеј Томпсон постигна 8.

Чикаго по втор пат оваа сезона го победи Мајами со 105:100. Чикаго во поголемиот дел од натпреварот го имаа водството, а во 3-та четвртина тоа изнесуваше 13 поени.

Батлер со 31 поен, 7 скокови и 5 асистенции беше најдобар во својот тим додека Двејн Вејд постигна 28 поени, 3 скокови и 3 асистенции.

Хјустон стигна до победа против Далас со 109:87. Метјуз успеа да постигне 26 поени за Далас.

Грег Попович одговори на најдобар можен начин со победа против Бруклин со 130:101. Леонард постигна 30 поени, 6 скокови и 3 асистенции.

Останати резултати:

Индијана – Портланд 118:111
Орландо – Денвер 113:121
Вашингтон – Милвоки 110:105
Кливленд – Шарлот 116:105
Чикаго – Мајами 105:100
Хјустон – Далас 109:87
Мемфис – Голден Стејт 130:101
Јута – Сакраменто 104:84