Нема сомневање, Рамос е најдобриот фудбалер во светот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос е најдобар фудбалер во овој момент мисли фудбалерот на Севиља, Адил Рами.

Рамос беше во конкуренција за освојување на Златната топка, но на крајот заврши на 11-то место.

Фудбалерот на Севиља, Адил Рами мисли дека тоа не е праведно и наведе дека Рамос е број 1 во светот.

„Серхио Рамос е најдобриот фудбалер во светот, нема сомневање. Многу е убаво да гледаш како игра. Тој е брз и често учествува во офанзивните акции. Импресивно е кога ќе одиграте толку фантастични сезони какви тој што ги одигра“, изјави Рами.