Петар Наумоски останува прв човек на македонската кошаркарска федерација


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Петар Наумоски за останува на чело на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) и во наредниот период.За доверба на Наумоски гласаа 18 од вкупно 28 членови со право на глас на собранието, а 10 беа против.Мнозинството клубови се согласија со политиката која ја спроведува Наумоски, со цел развој на кошарката во Македонија.
Втора значајна одлука на денешното собрание е одлуката за задолжителен настап на најмалку двајца македонски кошаркари на терен во текот на целиот натпревар.

Овој предлог дојде од Здружението на кошаркари, а беше главна причина за одржување на денешното собрание.

Предлогот беше прифатен од 25 клуба, а само три беа против.

Со оваа одлука е отворен патот на Федерацијата овој предлог конечно да биде имплементиран, и тоа од наредната сезона.
По крајот на вонредното собрание на МКФ претседателот Петар Наумоски изјави:

„После изборите можам да кажам дека победи  кошарката, не личност што во случајот бев јас. Веќе од утре продолжуваме со заложбата за реализирање на нашата програма, бидејќи од месец мај бевме блокирани со низа проблеми, и бевме спречени да размислуваме за било што. Повторно ќе потенцирам и да кажам дека иако имаме финансиски проблеми, на никому од нашите вработени како што се пишуваше, не должиме. Од друга страна пак ние решавам финансики долгови и проблеми стари и 15 години, оставени од минатите раководства“, изјави Наумоски.