Лејкерс останаа без Ненс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лери Ненс Јуниор нема да може некое време да му помогне на Лејкерс.

Тој го повреди левото колено, првите прегледи потврдија дека нема повреди на лигаментите, но дека ќе мора да паузира некое време.

Ненс ќе мора да оди на нови прегледи во недела кога ќе му се намали отокот на коленото, а тогаш ќе се знае колку ќе отсуствува од терените.

Ненс игра на крилната позиција, а ова му е втора сезона во лигата, а за 22.4 минути по натпревар, тој успеа да докаже дека станува збор за добар играч.