„Заслуживме да победиме во 90 минути“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Милан Винченцо Монтела беше исклучително среќен после освојувањето на италијанскиот Суперкопа.

Во 120 минута од играта резултатот беше 1:1, но пеналите беа наклонети на Милан, кој го победи Јувентус и после пет години стигна до трофеј.

„Убаво е чувството да се победи. За екипата ова треба да биде отскочна даска за иднината. Среќен сум и поради претседателот Берлускони, знаеме колку му значеше овој трофеј  и ова е поради него“, рече Монтела, па додаде:

„Во првите 20 минути не бевме свои, но потоа се ослободивме од притисокот и почнавме да играме како можеме и знаеме. Создадовме доста шанси, заслуживме да победиме во 90 минути“.