Како браќата Превц ги пречекуваат 4-те скокалници?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Словенечките ски скокачи, Петер и Домен Превц во поинакви позиции ја дочекуваат турнејата Четири скокалници, која почнува во петок со скоковите во Оберстдорф.

Додека победникот на претходното издание на турнејата се мачи со формата, неговиот помлад брад води во генералниот пласман во Светскиот куп, по 4 победи.

Бидејќи најде победничка формула, 17-годишниот Словенец не планира ништо да менува.

„Сите скокалници се исти за мене, не гледам никаква разлика. Затоа не гледам поради што би се грижел. На турнејата стигнувам опуштен, тоа е најдобар начин. За мене Четири скокалници значат дека имаме 4 натпреварувања во краток период.“

За постариот Превц, кој го освои Кристалниот глобус и победи на 3 од 4 натпреварувања во турнејата минатата сезона, ситуацијата е потешка. Не учествуваше на државното првенство во Словенија минатата недела и има тешка задача пред себе по лошите скокови во Енгелберг.

„Никој не може да ја предвиди иднината. Се што може е да поставите цел, работите вредно и верувате дека се ќе биде како што треба. Викенд без натпреварување е добар за мене. Кога имате натпреварувања, имате само 3 скокови за да се навикнете на нова скокалница и имате идеи во својата глава за тоа како да напредувате.“

Кога ќе се земат во предвид неговитерезултати оваа зима, особено 26 и 33 место во Енгелберг, актуелниот освојувач на Светскиот куп нема големи цели на наредните натпреварувања.

„Поради последните месеци, далеку сум од борба за пласман за добар резултат на турнејата. Четири скокалници. Ќе видиме како ќе биде. Морам да бидам трпелив, да се концентрирам на наредниот чекор.“