Расел Вестбрук повторно води во трката за МВП


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарот на Оклахома, Расел Вестбрук повторно води во редоследот за најкорисен играч во НБА.

На прво место за кратко беше Џејмс Харден, но оваа недела дојде до промена, па Вестбрук се врати на врвот.

Вестбрук во последните 5 натпревари постигна 33.6 поени, 8.8 скокови и 10 асистенции.

На второ место е Џејмс Харден, а потоа следат Леброн Џејмс, Кевин Дурант, Леонард, Стеф Кари, Антетокоунпо, Демар Дерозан, Џими Батлер и Исаија Томас.