Официјално: Аквилани има нов клуб!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сасуоло го потврди трансферот на Алберто Аквилани.

Аквилани доаѓа од Пескара како позајмен играч до крајот на оваа сезона.

Овој првотимец на Рома важеше како еден од најдобрите играчи за врска во Европа но не го оправда тоа.

Беше во Ливерпул, па на позајмици во Милан и Јувентус за на крај да потпише за екипата на Фиорентина.

Летово потпиша за Пескара, па сега во Сасуоло и кога се ќе се собере, Сасуоло е неговиот шести клуб во Серија А.