Коке и Гризман го средија Лас Палмас, Хоселу го спаси Депортиво од пораз на Риазор од Алавес


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И преостанатите два натпревари што беа на програмата денеска од осминафиналето во купот на кралот се одиграа.

Атлетико Мадрид на гости славеше против Лас Палмас со 0:2. В0 23-та минута Коке погоди за водство на јорганџиите. Гризман во второто полувреме ги постави конечните 0:2. Реваншот се игра за седум дена т.е на 10-ти јануари на Висенте Калдерон.

Алавес на Риазор славеше со 1:2 против Депортиво Ла Коруња. После три минути игра гостите стигнаа до водство преку Сантос. Во финишот на првото полувреме беше досуден пенал за Алавес, а Мендез го зголеми водството. Гама намали на 1:2. Хоселу во самиот финиш на натпреварот го спаси својот тим од пораз и ги постави конечните 2:2. На 11-ти јануари овие два тима ќе го одиграат реванш натпреварот.