Стигнаа валидни докази – Реал не е Роналдо, Реал е колектив


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кој кажува дека Кристијано Роналдо е незаменлив? Зинедин Зидан својата најголема ѕвезда и најдобриот фудбалер може да го одмори кога ќе посака… без последици.

Реал вчера славеше со 3:0 против Севиља во натпревар од купот на кралот, а освен неколкумина повредени фудбалери не настапи ниту Роналдо поради одлука на тренерот. На Зидан тоа му беше 11 натпревар без Роналдо и 10-та победа.

Без него во составот кралевите постигнуваат по три погодоци по натпревар.

Реал во сите натпреварувања стигна до 38-ми натпревар без пораз. Еден го дели од рекордот на Луис Енрике со Барселона.

Во купот на кралот белите немаат изгубено на домашен терен 12 натпревари уште од гостувањето на Бернабе во 2012-та година.

Хамес ја искористи својата шанса, постигна два погодоци, а дури од 11 од 16 последни погодоци за Реал ги постигна со удар надвор од шеснаесетникот.