Кожув ја декласира Сигал Приштина среде Косово


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Кожув славеа убедливо против Сигал Приштина во Косово со 65:92 во натпревар од БИБЛ лигата.

Одличен старт имаа кошаркарите на Сигал, отворија со 9:2. Гевгеличани потоа влегоа во една огромна серија и стигнаа до водство од 9:15. Со кошот на Хал три секунди пред крајот на првата четвртина, Кожув стигна до двоцифрена предност, 17:27. Домашните во втората четвртина ја намалуваа негативата пополека. Хиндс погоди двојка четиринаесет секунди пред крајот на првото полувреме за 40:43. Кожув со погоденото слободно фрлање на Нил на полувреме замина со водство од 4 поени, 40:44.

Кошаркарите на Кожув се разиграа во второто полувреме. Пет минути пред крајот на третата четвртина имаа водство од 48:57. Во последните десет минути од натпреварот Кожув влезе со голема предност од 12 поени, 55:67. Гостите ја одигра фантастично последната четвртина и си заминаа со цел плен, 65:92.

Јанев со 21 поен го предводеше Кожув до победа. Мијовиќ додаде 20 поени, МекНил и Крстевски по 18 поени. Хиндс и Хајризи со по 16 поени беа најефикасни во тимот на Сигал Приштина.